Услуги

Гасно полнење на репарирани амортизери

Репарирани амортизери со 2 години гаранција

Одличeн квалитет за одличнa цена
Тестирање на амортизери за само 100 денари
Работно време:
Пон-Пет 09-17h
Сабота: 09-15h
Сервис Бутел:
тел. и факс: +389 (02) 26 27 054
мобилен: +389 (75) 42 69 45              

Сервис Аеродром:
тел.: +389 (02) 26 58 632
мобилен: +389 (78) 38 83 28

Репаратура со 2 години гаранција

Рачната изработка е поквалитетна од сериската – затоа гаранцијата за репаратура е 2 години. Како алтернатива, за луѓето кои не се секогаш во можност да одвојат дел од својот месечен буџет за купување на нови амортизери, Авто-Мобил нуди репаратура на веќе истрошените амортизери на Вашето возило. Повеќедецениското искуство во областа на репарирањето на амортизери, ги побива тврдењата на некои скептици дека амортизарот е дел кој што е невозможно да се поправи. Се вградуваат оригинални делови, се полни со специјално масло наменето за амортизери кое е постојано на температурни разлики, а доколку е потребно се дополнува со гас под притисок и ги добива фабричките карактеристики како новиот амортизер. Рачната изработка е поквалитетна од сериската – затоа гаранцијата за репаратура е 2 години, а просечната издржливост на поправените амортизери e околу 5-6 години. Така, можеме со сигурност да тврдиме дека нашите клиенти добиваат врвен квалитет за симболична цена



Продажба на амортизери

По долгогодишното искуство и континуираното испитување на пазарот и потребите на своите клиенти, „Авто-Мобил“ се одлучи на нашиот пазар да ги донесе амортизерите „NBNF magnetic“. Причината што Авто-Мобил се определи токму за „NBNF“ амортизерите е постојаниот и потврден квалитет, иновативниот концепт со вграден магнетен дел, гаранцијата од 2 години, едноставниот и препознатлив дизајн, како и пристапната цена. Амортизерите „NBNF magnetic“ полека но сигурно го освоија Македонскиот пазар.



Тестирање за само 100 ден.

Тестерот за амортизери од германскиот производител “MAHA” овозможува прецизно (во проценти) да се провери работата на амортизерот. Со тоа нашите клиенти се сигурни во исправноста на амортизерите или потребата истите да се заменат. Оваа услуга во Авто-Мобил е само 100 денари.



Гасно полнење на репарираните амортизери

Освен класичната репаратура со замена на сите истрошени делови и подесување на јачината и работењето според фабрички стандарди, единтвено кај нас може да добиете и гасно полнење на амортизерите. Со тоа се добива поголема стабилност во возењето особено при побрзо возење, кај остро влегување во кривина и каде што е потребно помало растојание да се застане. Со гасното полнење за влог од само неколку евра добивате многу поголема стабилност и амортизери со идентични карактеристики на новите.



Делови за заштита на амортизерите

   

За да можат амортизерите на возилото да траат што е можно подолго, потребно е да се внимава на деловите околу амортизерот. Првенствено се мисли на одбојните гуми и манжетни, како и на држачите на амортизерот. Овие делови ги нудиме по одлични цени и од проверени производители со кои имаме повеќегодишна соработка. Гаранцијата за нив е една година.



Монтажа

 Освен квалитетот, подеднакво важна за издрливоста и трајноста на амортизерите е и стручната монтажа на која во Авто-Мобил и се посветува особено внимание. Специјалниот алат, стручната подготовка и искуството на тимот за монтажа, ни овозможуваат да им обезбедиме крајно брза монтажа на нашите клиенти. Наместо вообичаеното долго чекање, клиентите на Авто-Мобил за кратко време (од 15 минути до час и половина) заминуваат задоволни. Уверете се во нашата брзина и стручност.



Делови за преден и заден трап

Покрај амортизерите како главна дејност, во овој сервис можете да најдете и голем избор на делови за преден и заден трап (спони, чаури, јабучици,вилушки итн.) со одличен квалитет, пристапни цени и гаранција од 1 година. Заминете од Авто-Мобил безбедни, сигурни и задоволни.



Спирали

 Во својата понуда имаме нови и половни спирали од различни производители. Повеќето од нив се спирали за стандардна висина на возилата, но имаме и понуда на спирали за автомобили со спортска изведба. Цените се достапни, а квалитетот е потврден.



Амортизери за гепек, хауба и кревети

Покрај се останато, имаме и амортизери за хауба и гепек за повеќе од 400 различни модели на автомобили. Исто така имаме амортизери и мехнизми со различна јачина во зависност од големината на лежајот. Производителите се со докажан квалитет, а гаранцијата за нив е една година.